Нови 60 паркинг места за велосипеди во Карпош

Од:

Во организација на Општина Карпош и Центарот за климатски промени, денеска во општината се одржа „вело дружба” на која учествуваа жители на Карпош со своите велосипеди како и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, претседателот на Советот, Андреј Манолев и дел од советниците.

Во рамки на проектот „Заеднички за подобра животна средина во Карпош”, денеска беа промовирани и 60 нови паркинг места за велосипеди, поставени на четири фреквентни локации: пред Драмски театар, комплекс факултети, ТЦ Лептокарија и плоштадот Делфина во Влае избрани од граѓаните преку претходно спроведената анкета.

Градоначалникот Богоев се осврна на мерката за субвенционирање на велосипеди која предизвика голем интерес кај карпошани, но и за целокупното подобрување на вело инфраструктурата во Карпош.

– Оваа мерка сама по себе не е доволна за зголемување на користењето велосипед како превозно средство и затоа, како локална самоуправа, се посветивме кон обезбедување на посигурни вело патеки и паркинзи на територија на Карпош, рече Богоев.

За време на настанот, претставници од Агенцијата за млади и спорт делеа промотивни материјали и корисни реквизити во пресрет на Европската недела на спортот која ќе се одржи во месец септември, а Општина Карпош е меѓу 15-те општини во кои ќе се реализираат голем број спортски активности од натпреварувачки и рекреативен карактер.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски