Нови 30 дена притвор за судијата Наќе Георгиев бара Обвинителството

Од:

За уапсениот врховен судија Наќе Георгиев Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бара нови 30 дена притвор, потврдуваат оттаму за А1он.

Предлогот за продолжување на притворот е испратен до Кривичниот суд, но уште немаат решение.

Судијата Наќе Георгиев ги поминува последните два дена во притвотското одделение од првите определни 30 дена притвор, каде што се наоѓа од 20 мај.

Според информациите од Обвинителството телефонот на Георгиев сѐ уште не е вештачен. Од таму се очекува да се добијат докази за дополнително расветлување на случајот.

Според информации на А1он, граѓани кои имале предмети во Врховниот суд за кои постапувал Георгиев се интересирале што се случува со предметите по неговото апсење.

Во акцијата на МВР која беше спроведена во координација со Обвинителството, осомничени беа Наќе Георгиев и членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети. Нему му беше одземен пасошот и мора да се јавува редовно во суд.

Како што соопшти тогаш Обвинителството Георгиев се товари дека примил пари од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев за да посредува во кривичен предмет каде што бил обвинет.

Тоа е истиот ден кога Боро Стојчев се спогоди со Обвинителството и доби 5 години и 3 месеци казна за неовластена продажба на 99.630 тони марихуана за која наплатил 120 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Мицкоски: Ако имате корумпирани судии во Врховниот суд тогаш можете да замислете што се случува надолу

Катерина Ѓуровски

Дамева за судијата Георгиев: Да не дозволиме вакви поединци да ја уриваат сликата за целото судство

Катерина Ѓуровски

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители тврди ВМРО-ДПМНЕ

ССМ: Наќе Георгиев е еден од тројцата судии на срамната пресуда за конфискацијата на Работничкиот дом

Судијата Наќе Георгиев призна дека земал мито, се спогоди со ОЈО, па доби казна затвор од три години

Горан Наумовски