Нови 30 дена притвор за eксдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски

Од:

Нови 30 дена притвор му одреди кривичниот суд во Скопје на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, потврдија оттаму.

Неговиот адвокат, Јордан Апостолски, рече дека одлуката на првостепениот суд сe` уште не ја добил, но дека ќе ја обжали пред Апелациониот суд.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомнични Атанасовски за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатогодишните рочишта на судењето за настаните од 27 април, некои од обвинетите го посочија како организатор на насилниот упад во Собранието, заедно со други лица.

Владимир Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата замина тогашниот директор, Сашо Мијалков, кој пак, два дена пред Нова година беше пуштен во куќен притвор.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Димитриев: Го информираве ЈО дека по згаснувањето на УБК дел од наредбите прекинати, дел продолжиле

Ана Ололовска

Три години затвор за поранешниот главен оперативен работник во УБК

Васко Маглешов

ВИДЕО: Вработен во УБК призна вина за злоупотреба на касата во тајната полиција

Васко Маглешов

Димовски ќе реферира пред надзорната комисија за преземањето кадри од поранешна УБК

Ана Ололовска

Спасовски: За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Димовски: УБК заминува во историјата, денеска е првиот работен ден на Агенцијата за национална безбедност

Ана Ололовска