Нови 226 автобуски постојки во Скопје

Од:

Нови 226 автобуски постојки од три типа ќе бидат поставени во Скопје во зависност од фреквенцијата на сообраќај, патници, како и од потребите за рекламни паноа.

Автобуските постојки ќе содржат настрешница, клупа за седење, информативна табла и канта за отпадоци. Клупите за седење се наменети за три лица, а ќе бидат изработени од перфориран челик. На задниот дел од автобуските постојки ќе биде поставено сигурносно стакло, 10 милиметри. Покривната површина ќе биде со лексан (поликарбонска плоча) со двострана УВ заштита, оптичка проѕирност со боја на чад. Ќе бидат изработени од фосфатизиран челик со прашкасто бојадисување со металик боја.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски информира дека тендерот за новите 226 автобуски постојки го распиша ЈСП „Скопје“, а финансиска помош ќе добие од Град Скопје. Вредноста на овој проект е околу 60 милони денари.

– Првите 50 автобуски постојки ќе бидат поставени во март и април. Ќе бидат поставени од пет до десет автобуски стојалишта во сите општини. До крајот на годината или почетокот на следната ќе бидат изработени останатите автобуски постојки во сите општини во Скопје, рече директорот на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов.

Тој посочи дека проблемот со автобуските постојки граѓаните постојано го истакнувале и додаде оти сега ќе може пристојно да се чека автобус.

На секоја автобуска постојка ќе биде поставен информативен плакат на кој ќе има возен ред. Идејното решение е тројазично, на македонски, албански и англиски, избрано на конкурсот на ЈСП „Скопје“, а е на младиот дизајнер Александар Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Изгоре автобус на ЈСП на Водно

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје