Нови 20 случаи на заболени од Ковид-19, почина 63 годишен пациент од Скопје

Од:

Од вкупно направени 744 тестирања (од кои 355 теста се во рамките на скринингот) во последниве 24 часа, 20 лица се позитивни на коронавирусот во земјава, информираат од Министерството за здравство. Од нив, 16 се од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Прилеп.

Во ГОБ „8 септември“ починал 63 годишен пациент од Скопје, примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, потврден позитивен еден ден подоцна.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје – 4, Куманово – 3, Прилеп – 5, Тетово – 6, Велес – 4 и Битола – 2.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417. Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 701, активни 189
• Куманово – 425, активни 26
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-38, активни 3
• Прилеп –208, активни 53
• Тетово – 165, активни 70
• Струга – 71, активни 4
• Велес – 127, активни 45
• Битола –28, активни 7
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1

Досега во земјата се направени вкупно 24762 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  44 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска