Нови 168 заболени од грип во Кочани

Од:

Од центарот за јавно здравје Кочани каде се следи состојбата со грипот во општините од Источна Македонија истакнуваат дека бројката на ново заболени од грип во Кочани драстично се зголемува.

Според епидемиологот од Центарот за јавно здравје Кочани Натка Каранфилова, ако во декември минатата година имало 163 лица заболени од грип, во првата недела од годинава Центарот за јавно здравје Кочани регистрира уште 168 ново заболени.

Каранфилова посочува дека променливото време си го направи своето и зголемениот број на заболени од грип во овој период од годината е очекуван.

– Вкупниот број на заболени од грип во општина Кочани е зголемен на 331 лице, но оваа бројка е трипати повисока. Болните од грип се лекуваат во домашни услови без да дојдат на лекар. Во Виница последната недела од 2.016 имаме 44 заболени од грип, а во првата недела од оваа година бројката се искачи на 95 и сега во оваа општина имаме регистрирани 139 лица болни од грип. Во Пехчево бројката достигна 23 а во Берово и Делчево не се регистрирани заболени од грип, изјави Каранфилова.

Слична е состојбата, додава Каранфилова, и со заболените од горно и долно респираторни заболувања каде што последната недела од 2016 имало околу 600 заболени, а во првата недела од оваа година се регистрирани уште 300 ново заболени односно бројка од над 900 лица. Затоа препораките на лекарите остануваат исти, да не се мешаат здрави и болни лица а тоа зависи од менталитетот на луѓето, односно заболените лица сами треба да бидат свесни да не се мешаат со здравите луѓе оти грипот е лесно преносливо заболување.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски