Нови 160 заразени со коронавирус, починаа тројца пациенти

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3.

Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12515,  бројката на оздравени пациенти е 9030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2950. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 5325, активни 986
Куманово 1233, активни 243
Дебар 224, активни 65
Штип 1027, активни 293
Прилеп 352, активни 32
Тетово 1123, активни 156
Струга 503, активни 169
Велес 241, активни 28
Битола 179, активни 78
Охрид 305, активни 78
Кавадарци 147, активни 106
Гостивар 623, активни 264
Гевгелија 27, активни 9 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
Струмица 49, активни 20
Крива Паланка 28, активни 5
Радовиш 36, активни 8
Крушево 16, активни 2
Кочани 128, активни 34
Пробиштип 67, активни 18
Демир Хисар 53, активни 34
Македонски Брод 63, активни 48
Пехчево 8, активни 2
Берово 12, активни 7
Валандово 8, активни 2
Виница 44, активни 39
Делчево 7, активни 2 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 15, активни 3
Свети Николе 258, активни 67
Кичево 234, активни 133
Ресен 146, активни 9
Неготино 34, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2172 теста се преку: ИЈЗ-851, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-356, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-267, Систина со PCR метода -264, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-102, Инфективна клиника-8, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 123122 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, и 3 пациенти суспектни. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 72 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 138
Аеродром – 125
Бутел – 66
Гази Баба – 112
Центар – 86
Карпош – 103
Сарај – 35
Кисела Вода – 81
Ѓорче Петров – 69
Студеничани – 32
Шуто Оризари – 67
Арачиново – 18
Илинден – 17
Петровец – 5
Чучер Сандево – 9
Сопиште – 12
Зелениково- 6
Странец – 3
Нераспределен – 2

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска