Нови 155 заболени од Ковид-19, починати се две лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 51, Куманово – 11, Дебар – 2, Штип – 13, Прилеп – 4, Тетово – 10, Струга – 3, Битола – 1, Охрид – 6, Кавадарци – 14, Гостивар – 22, Гевгелија – 1, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 4, Македонски Брод – 5, Виница – 2, Кичево – 3, Неготино – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Куманово – 17, Штип – 22, Прилеп – 6, Велес – 2, Битола – 2, Гостивар – 5, Радовиш – 10, Крушево – 1, Пробиштип – 5, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 12.

Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80г.) и пациент од Штип (74г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.554,  бројката на оздравени пациенти е 7.607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.428.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5051, активни 1241
• Куманово 1125, активни 254
• Дебар 210, активни 119
• Штип 923, активни 371
• Прилеп 341, активни 45
• Тетово 1081, активни 196
• Струга 473, активни 190
• Велес 227, активни 20
• Битола 154, активни 70
• Охрид 294, активни 86
• Кавадарци 97, активни 75
• Гостивар 535, активни 300
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 39, активни 23
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 6
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 108, активни 20
• Пробиштип 59, активни 17
• Демир Хисар 40, активни 30
• Македонски Брод 47, активни 38
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 28, активни 24
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 230, активни 118
• Кичево 182, активни 112
• Ресен 146, активни 19
• Неготино 30, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Протест пред Владата: Мајките сакаат да ги чуваат децата дома, Владата вели дека услови има во градинките

А1он

Во Струмица се вклучува алармот по растот на бројот на новозаболени од Ковид-19

Ана Ололовска

Аеродром и Центар со најмногу активни случаи на Ковид-19 меѓу скопските општини

Ана Ололовска

186 нови случаи на Ковид-19, починати се 7 лица

Ана Ололовска

Штип го бележи вториот случај на повторување на коронавирусот кај маж

Ана Ололовска

СВР Велес во изминатото деноноќие на своето подрачје казни 38 лица за неносење заштитна маска

Ана Ололовска