А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Нови 127 заразени со Ковид-19, осуммина починати

by Мери Јордановска19/07/2020 - 16:0519/07/2020 - 16:20822
Share0

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 57, Куманово – 4, Штип – 13, Тетово – 6, Струга – 10, Охрид – 7, Кавадарци – 1, Гостивар – 8, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Кратово – 2, Свети Николе – 12, Кичево – 4.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје – 35, Штип – 8, Тетово – 33, Велес – 1, Гостивар – 5, Пехчево – 1.

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34, 45, 78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153,  бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 4271, активни 1885
•       Куманово 908, активни 240
•       Дебар 173, активни 111
•       Штип 582, активни 277
•       Прилеп 311, активни 62
•       Тетово 944, активни 297
•       Струга 361, активни 179
•       Велес 206, активни 30
•       Битола 88, активни 43
•       Охрид 238, активни 123
•       Кавадарци 29, активни 18
•       Гостивар 294, активни 193
•       Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
•       Струмица 28, активни 19
•       Крива Паланка 22, активни 11
•       Радовиш 18, активни 14
•       Крушево 13, активни 8
•       Кочани 88, активни 20
•       Пробиштип 43, активни 27
•       Демир Хисар 15, активни 13
•       Македонски Брод 9, активни 5
•       Пехчево 6, активни 0
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 5, активни 2
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 12, активни 8
•       Свети Николе 197, активни 182
•       Кичево 100, активни 83
•       Ресен 140, активни 59
•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 904 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205, Биотек-113, МАНУ -21, Жан Митрев (Филип Втори) –(не доставиле податоци), Систина со PCR метода -88, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Kовид-19, a 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, a вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 128 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео