А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови 1.540 вработувања со поддршка на Владата

by А1он18/02/2013 - 13:40145
Share0

Вкупно 1.540 евидентирани невработени лица ќе имаат можност да се вработат со четири владини мерки содржани во Оперативниот план за вработување за 2013 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Мерките предвидуваат субвенционирање на вработување, субвенционирање на вработување деца без родители, обука кај познат работодавач и обука кај познат работодавач со субвенционирање за што Владата има обезбедено 72,2 милиони денари.

Огласите за вработување се објавени денеска и ќе траат до 1 март до кога во сите подрачни единици на Агенцијата за вработување можат да се пријават заинтересираните невработени лица, но и компаниите кои сакаат да ги вработат.

– Со првата мерка за субвенционирање на вработување планирано е да се опфатат 500 невработени лица, од кои до 80 лица од ранливите групи кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот за кои во период од шест месеци ќе се обезбедуваат средства во износ од 13.000 денари месечно, а за ранливите групи како жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, самохрани родители износот кој ќе се исплаќа изнесува 17.000 денари месечно. По 3.000 денари ќе се исплаќаат кај работодавачот како партиципација за трошоците. За реализација на оваа мерка се предвидени околу 50 милиони денари, појасни на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Со втората мерка, додаде Ристовски, треба да се вработат деца без родители преку субвенционирање на нивното вработување во приватни компании, за што се издвоени средства во висина од околу 2,5 милиони денари. На работодавачот ќе се стимулираат со обезбедување плата во висина од минималната и тоа 100 проценти во првите 12 месеци и 100 проценти од износот на минималната плата во нето износ и 50 проценти од придонесите за задолжително социјално осигурување во следните 12 месеци. Работодавачот треба да ги задржи овие лица на работа најмалку две години.

Следете a1on на Youtube YouTube

За обуката кај познат работодавач се обезбедени околу 20 милиони денари и со неа треба да се вработат 850 невработени од 25 до 49 години, а приоритет ќе имаат лица со основно или гимназиско образование. Обуката ќе трае три месеци, а вработените ќе добиваат месечно по 5.700 денари. Работодавачите ќе добиваат средства за менторство и материјални трошоци а висината ќе зависи од тоа колку лица имаат ангажирано. Тие треба да задржат најмалку 50 проценти од лицата кои се обучуваат.

Со последната четврта мерка ќе се субвенционира вработување на 170 лица за што се планирани околу 9,5 милиони денари. Со мерката ќе бидат опфатени лица од 50 до 59 година, млади до 29 години со максимум средно образование, помали етнички заедници, лица во социјален ризик.
Директорот на агенцијата за вработување Влатко Попоски на прес- конференцијата посочи дека ваквите мерки даваат резултати, за што, како што посочи, говори и податокот дека околу 65 проценти од невработените кои биле вработени со ваков вид мерки останале на работа.

vlada

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто