Новата пратеничка група: Да не се исфрла гневот врз други

Од:

Гневот поради еден случај не смее да се исфрла врз други, реагира преку соопштение новата независна пратеничка група во врска со притворите кои беа изречени деновиве.

„Процесот на помирување кој го започнавме е чекор кој не е едноставен ниту лесен, но потребен за општеството и намалување на тензијата и поделеноста меѓу луѓето. Институциите треба да бидат одговорни кон овој сензитивен процес. Телото кое го формиравме треба да донесе еден нов период, посмирен, конструктивен и насочен кон реформи за подобро утре во Македонија“, наведуваат пратениците во реакцијата.

Тие се децидни дека СДСМ во опозиција гласно го бранеле ставот дека притворот не треба да биде казнена мерка. Изјавите на некои функционери, вели пратеничката група, се непринципиелни и не се во насока на подадената рака за започнување на овој процес за смирување за кој се заложи и премиерот и пратениците.

„Секако од круцијална важност е и амбиентот во општеството што се создаде после изречените притвори последниве денови. Сепак, поведението на секој кој е дел од некој процес е индивидуално и така и треба да се мери“, се додава во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?