Новата локална власт во Гостивар обвинува: Екс градоначалникот остави долг над 100 милиони денари

Од:

Поранешниот градоначалник Невзат Бејта ја остави општина Гостивар со над сто милиони денари долг, се наведува во соопштението од службата за информирање на локалната самоуправа со која од денеска раководи Арбен Таравари.

– Откако изгуби на локалните избори и се поздрави со општинските службеници, Невзат Бејта ја испразни општинската каса, не оставајќи средства за плати на вработените. Три дена по вториот изборен круг, на 30, 31 октомври и 1 ноември, општината, по наредба на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, изврши трансакции со вкупна вредност од 6.774.276,00 денари, односно околу 111.053 евра. Со овие средства, чиј износ е доволен за исплата на плати на вработените во општината и за тековните расходи, се наведува во соопштението.

Според новата локална власт, Бејта во главно им се раздолжил на фирми блиски со него кои ја финансирале неговата скапа предизборна кампања.

– На компанијата „Магнум транс“ во вторникот му биле исплатени 2.000.000,00 денари, на компанијата “Гартен Бау Цели” 1.500.000,00 денари, додека на компанијата Метро Дооел му се исплатени 300.000,00 денари.

Конечниот долг надминува 100 милиони денари, а ревизијата ќе ја покаже точната бројка, стои во соопштението од службата за информирање на општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија