Нова жардињера на улица Македонија

Од:

Општина Центар ја уредува жардињерата на улица Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза.

На површина од 490 m2 веќе е поставен бусен, а ќе бидат засадени 165 мали зимзелени растенија и 48 мини треви.

Меѓу растенијата ќе има лаванда, буксус, азалеи и други украсни растенија кои го менуваат својот изглед во зависност од годишното време.

Изваден е стариот тревник кој беше комплетно исушен, исчистен е коровот и сметот.Поставен е систем за полевање.

Овој многу важен дел од централното градско подрачје ќе добие нов лик.
Жардињерата е донација од Грузиската фирма Сингулар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски