Нова спортска сала во Неготино

Од:

Во ОУ „Наим Фрашери“ во село Неготино, општина Врапчиште, денеска попладне е пуштена во употреба нова спортска сала, дел од проектот на Владата за изградба на 145 училишни спортски сали.

Во изградбата на објектот се вложени 40 милиони денари обезбедени од државниот Буџет и од заем од Банката за развој при Советот на Европа. Спортската сала има површина од 1.300 метри квадратни, трибини со 400 седишта, соблекувални и е целосно опрема со потребни реквизити за мали спортови. Изградбата почна пред 14 месеци.

– За нас нема поделби помеѓу граѓаните по националности. За нас постојат реални потреби на граѓаните и реални проекти кои ги спроведуваме во целата држава. Тоа сме го ветиле и тоа го остваруваме, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во обраќањето на свеченоста.

Пешевски најави дека политиката за развој на спорот ќе биде поддржана и во иднина. – Младите кои досега тренираа некој спорт, одеа во Тетово или во некоја од салите во околните општини. Сега тие ќе вежбаат тука блиску до својот дом, подвлече вицепремиерот Пешевски.

На свеченоста, покрај градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија и заменик министерот за образование Сафет Незири, честитки за новиот објект упати и министерот за образование и наука Панче Кралев. Тој истакна дека продолжуваат инвестициите на Министерството за образование во изградба на нови, но и обнова, реконструкција и доопремување на постоечеките училишни спортски сали и несоодветни училишни објекти.

Би можело да ве интересира

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко