Нова опрема во Агенцијата за храна

Од:

Вкупно 42 автомобила и едно теренско возило, 197 лап-топи, 35 мултифункциски печатачи, две машини за копирање, заштитна облека, термометри, дата логери, ПХ мерачи и заштитни маски, се само дел од новата опрема што ја набави Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со цел модернизација и осовременување на своето работење.

Како што соопшти денеска директорот на АХВ Зоран Поповски, промовирајќи ја опремата, досега Агенцијата беше на ниво на институциите на ЕУ, но сега е речиси во рангот на најсофистицираните.

-АХВ постојано го јакне административното работење, а сега, со новата опрема, согласно највисоките европски и светски стандарди, практично овозможува уште попрофесионално функционирање на инспекциските служби, ефикасни и ефективни контроли за потребите на компаниите и граѓаните, потенцира Поповски.

Возилата и опремата се купени со околу еден милион евра, средства од програмата ИПА 2012.

Би можело да ве интересира

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он