Нова кривична пријава за поранешниот охридски градоначалник Петрески

Од:

Полицијата покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што стои во соопштението од СВР – Охрид, Петрески во периодот од декември 2012 до март 2013 година во својство на градоначалник на општина Охрид, во пресрет на Локалните избори 2013, противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања и вработувања со договори на дело без за тоа да постои каква било оправдана или издржана потреба. Тоа го направил без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациски единици во рамките на општинската адмистрација, без да постои соодветна систематизација донесена во законски пропишана постапка и без да биле обезбедени доволно средства во буџетот на општината Охрид.

-Со таквата постапка биле надминати предвидените буџетски средства на општината за  1.146.542 денари во 2012 година и за 2.297.574 денари во 2013 година.

Со тоа пријавениот ги пречекорил границите на неговите службени овластувања и ги прекршил одредбите од Законот за работни односи, со што и нанесол вкупна материјална штета Општина Охрид во износ од 5.650.496 денари.

Од вкупниот број на изготвени и потпишани договори за времени вработувања и договори на дело од негова страна, на работни места со работни задачи и задолженија согласно потпишаното се јавувале само дваесет и три лица, додека останатите сто четириесет и пет лица воопшто не оделе на „работа“.

Во периодот од 2008 до 2012 година, во период кога сметката на општина била блокирана со судски решенија, пријавениот вршел фиктивни вработувања на лица во туристичкото биро „Лихнидос“ ДООЕЛ од Охрид. Тој, со цел исплата на плати за таквите противзаконски вработувања во „Лихнидос“, од управителите кој тој лично ги избирал и назначувал во претходен меѓусебен договор, побарал тие врз основа на фиктивни т.н. „договори за деловна соработка“ да изготват вкупно 44 фиктивни фактури за извршени услуги во вкупна вредност од 5.819.300 денари. Таквите фиктивни фактури ги доставувале до пријавениот Петрески, кој во својство на градоначалник на општината, „приоритетно“, односно веднаш давал налог за нивна исплата. На тој начин, пријавениот Петрески го сторил кривичното дело за кое се товари, а по основ исплата на фиктивните 44 фактури, предизивикал материјална штета на буџетот на Општина Охрид од 5.819.300 денари, пишува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија