Нова координација кај Вељаноски за деблокирање на буџетот

Од:

Во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски претпладнево почна координативната средба на претставници на парламентарните партии од власта и од опозицијата во нов обид  да се деблокира донесувањето на буџетот за 2013 година.

На кооринацијата, покрај првиот човек на законодавниот дом Вељаноски, присуствуваат и потрпретседателите  на Собранието Јани Макрадули и Сузана Салиу, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ, Силвана Бонева, Игаор Ивановски и Талат Џафери, претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов и неговиот заменик Горан Мисовски, како и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. На координативната средба нема претставник на ДПА.

Координацијата кај Вељаноски за буџетот за 2013 во понеделникот заврши без договор, само со препорака од страна на претседателот на Собранието за  интензивирање на работата на собраниските комисии на кои се разгледуваат амандманите на Буџетот.

Вељаноски препорача интензивирање на работата на Комисијата за финансирање и буџет, матично тело кои ги разгледува амандманите, а Законодавно-правната комисија да ги разгледува амандманите што веќе поминале на Комисијата за финансирање и буџет.

Вељаноски во функција на деблокада на донесувањето на буџетот за 2013, во понеделникот предложи Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија за дена да завршат со разгледување на амандманите за буџетот за 2013. Во меѓувреме доколку вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека некои од амандманите на опозицијата се прифатливи да ги прифати, и таквиот буџет да биде доставен до Владата.

Опозицијата не го прифати овој предлог бидејќи, како што велат, тие не сакаат временски рамки тврдејќи дека Комисијата за финансирање и буџет работи. Инсистират да се прифати нивниот предлог за намалување на трошењата од буџетот, по што тие би ги повлекле сите амандмани.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека предлогот на претседателот Вељаноски е во разумна насока, а предлогот на СДСМ е надвор од Деловникот за работа на Собранието.  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ има за цел да се држи под закана цела Македонија, вклучувајќи огромен број на категории на граѓани како пензионери, социјалци, работници.

За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, предлогот на СДСМ е набрзина осмислен и значи уцена и нереализација на програмата на Владата.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов