Нова комисија, сега дисциплинска, ќе утврдува кој е одговорен во случајот со овчарот во кратовско

Од:

Дисциплинска комисија ќе ја утврдува одговорноста врз основа на конечниот извештај на Комисија за утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес формирана на 5 април, за работењето на РЦУК Кратово, РЦУК Куманово и Дежурниот оперативен центар, ДОЦ на ЦУК, а во врска со настанот за спасување на овчарот Златко Божинов, кој настрада од мозочен удар и премрзнување во високопланинското село Емирица, откако на раце го носеа по планински пат.

Ова го најави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција и нагласи дека на крај одговорноста ќе ја утврди Јавното обвинителство.

Ангелов на прес-конференција повтори дека се направени во овој случај мали пропусти, но, нагласи, дека проблемот е мултиинституционален. Информира дека минатата недела побарал од Министерството за здравство информација дали и колку се почитувани медицинските протоколи, а истото било побарано и од МВР, од Министерството за локална самоуправа.

– Во ниту еден момент ЦУК не се прогласил за ненадлежен. Од страна на ЦУК се преземени низа дејствија и контактирани се бзмалку сите субјекти на системот за управување со криза, изјави дирекеторот на ЦУК и изрази надеж дека инволвираниот доктор во овој случај ќе има доблест, како што рече, да каже дека погрешил за неговиот директен напад кон ЦУК.

Според д-р Стевко Стефковски, раководител на секторот за аналитика во ЦУК, и раководител на Комисијата што го испитуваше случајот, самите мапи на работен процес се од постар датум за РЦУК за Кратово и за Куманово се од 2015 година, има пропусти во водењето дневник за самиот настан и евиденција на случените разговори, како и одредени технички недостатоци, пред се снимањето на разговори.

– Вработените кои биле на работните места во контекст на настанот не преземале одредени известувања кон субјектите на системот за управување со кризи на локално и на национално ниво. Првиот пропуст што е идентификуван на локално ниво е дека не е известено подрачното одделение на ДЗС во Кратово, иако колегите тоа го направиле врз основа на проценка на ситуацијата. Знаејќи дека основното средство што се бара е теренско возило и имале информација дека подрачното одделение не располага со теренско возило и водејќи се од тој факт не направиле службено известување и не побарале асистенција од подрачното одделение на ДЗС во Кратово. Следното ниво е нема побарување на дополнителни ресурси од другите субјекти во системот за управување со кризи, како што е Армијата бидејќи оперативната процена од терен, немало побарување за таков ресурс и соодветно на тоа, по направената оперативна процена не е извршено побарување ресурси од другите субјекти, појасни Стефковски.

Toj дополни дека има и мали недостатоци во комуникацијата со локалната самоуправа.

Љупчо Крстевски, самостоен референт во републичкиот центар за управување во Кратово, оперативецот кај кого прво доаѓа информацијата дека на лице му е потребна итна медицинска помош во случајот кај село Емирица и Тони Ивановски советник и вд раководител во ЦУК во Кратово, на денешната прес-конференција тврдеа дека никој од нив не се прогласил за ненадлежен и оти ниту еднаш не бил побаран хеликоптер, туку само теренско возило.

– Хеликоптер во ниту момент не беше побарано, ниту од директорот на Здравствениот дом, ниту од докторот на лице место присутен со пациентот, тоа така си остана, појаснуваше меѓу другото Крстевски.

Ивановски посочи дека веднаш почнал телефонски да ги контактира институциите за да помогнат со теренско возило и на екипата за пациентот да се донесе во болнички услови.

– Никој во ЦУК нема кажано дека не сме надлежни, ако било тоа така немаше да вртам и да барам теренско возило. Известен сум дека на докторот му е понудено теренско возило од Брзата помош, но тој го има одбиено. Хеликоптер во никој случај не беше побарано, незнам од каде после како медиумите, социјалните мрежи го пропираа, од негова страна беше побарано смао теренско возило, изјави Ивановски.

Настанот, спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување се случи на 31 март (среда) во Општина Кратово од високопланинското село Емирица, за што беше објавено на социјалните медиуми во неделата (4 април), а предизвика голем интерес во јавноста.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

ЦУК: Пронајдени изгубените велосипедисти на Беласица

ЦУК: Девет пожари на отворено, два се уште активни

Пожарот во тетовско Вешала се проширува, се бара итна воздушна поддршка

Катерина Ѓуровски