Нова казна за Жерновски

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, за Нова Година доби “честитка“ од власта, соопштуваат од општина Центар.

– „Честитката“ е во форма на решение за плаќање на две казни од по 2.000 евра, и тоа само затоа што лица, биле затекнати во ходниците на општината неколку дена пред да бидат вработени преку агенција за привремени вработувања. Надлежните инспектори кои, се секојдневни „гости“ во Центар, заклучиле дека тоа е незаконско. Незаконски било, да дојдат луѓето на разговор и договор, за тоа кој ќе им бидат должностите.

За вакви казни и инспекциски посети „привилегирана“ е само општина Центар. Самите инспектори со страв кажуваат дека налозите од претпоставените се адресирани само за „чешлање“ на Центар.

За потсетување, ова не е прва казна за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Претходно тој беше казнет со 7.500 евра, информираат од Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар