Нова канцеларија на „Сонце“ во Тетово

Од:

Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ од Тетово денеска отвори нова проектна канцеларија како дел од проектот. Тоа беше и дел од активностите за одбележување на 8 Април-Меѓународниот ден на Ромите. Реализирањето на овој проект на „Сонце“ е во партнерство со невладината Група за малцински права – Лондон.

– Целта на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ е поттикнување на поголемо и поефективно учество на ромската заедница во Република Македонија во донесување на одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието врз креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочуваат. Времетраење на проектот е од февруари 2017 до јануари 2020 година. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2015, изјави ивршниот директор на „Сонце“ Ферди Исмаили.

Координаторката на проектот Маргарита Стојановиќ посочи дека проектот предвидува зголемување на капацитетите и партнерствата на „Сонце“ со поголем број невладини организации во странство но и со локални и власти на централно ниво во Македонија, претставници од правната фела и слично со цел утврдување на повредите на човековите права на Ромите што на долг рок би требало да придонесе за намалување на нивната дискриминација и поголема одговорност на институциите за мархинилизираните групи. Таа најави дека канцеларијата за заитересираните ќе биде отворена секој работен ден од понеделник до петок од 9 до 17 часот.

Проектот се спроведува освен во Тетово уште во пет општини во Македонија – Кичево, Дебар, Штип, Виница и Дебар.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово