Нова инвестиција до крајот на овој месец најави Мицкоски

Од:

Нова инвестиција во земјава до крајот на овој месец најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот кажа дека во завршна фаза се преговори со петнаесетина потенцијални инвеститори, со што очекува да биде надмината бројката која ја соопшти во ноември од една милијарда односно 1,040 милијарда евра.

-Во завршна фаза сме на околу 15-тина инвестиции, дел од нив се веќе завршени, со дел од нив преговараме. Со дел од нив сме во потесна конкуренција со некои други земји, односно во најтесна конкуренција се одлучува помеѓу нас и уште некоја земја. Јас очекувам дека со огромен процент на реализација овие инвестиции ќе бидат успешни. Очекувам овој месец една таква инвестиција со нови 200 работни места и вредност од околу 25 милиони евра да се стави камен темелник. Друга да се пушти во април месец и потоа некаде помеѓу март и јуни барем нови пет инвестиции – или да се фрли камен темелник или да се донесе одлука за инвестиција во земјава, рече Мицкоски кој беше на настан во општината Аеродром.

Неговите очекувања, како што кажа, се дека овој тренд кој што заклучно со ноември беше околу милијарда и 40 милиони евра да биде поголем на крајот на годината.

– Народната банка кон крајот на овој месец ќе ги објави тие податоци со што со засилувањето од мај месец наваму и интензивирањето на инвестирањето ќе бидеме држава со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, што е добро бидејќи сето она кое тие го произведуваат ќе влезе во пресметката за БДП, рече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

Мицкоски: Касами мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ

Мицкоски: Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во воената индустрија во Македонија до 150 милиони долари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски