Нова генерација ученици во дуално стручно образование по германски модел

Од:

Делегацијата на германското стопанство во Македонија ја поздравува четвртата генерација ученците кои се одлучија за дуално стручно образование по германски модел.

-Ја поздравуваме четвртата генерација ученици кои се одлучија за дуално стручно образование по германски модел и кои ќе се посветат на четиригодишна едукација во новите образовни профили „Техничар за индустриска мехатроника“ и „Техничар за производно машинство“. Заедно со експерти од Германија, секоја година спроведуваме обуки за обучувачите кои се грижат за учениците кога тие се на практична работа во компаниите. Компаниите инвестираат во модерни училници наменети исклучиво за потребите на учениците кои се школуваат кај нив. Го градиме дуалното стручно образование по германски терк, со квалитет и принципи како во Германија, на нашите компании партнери не сакаме да им понудиме ништо помалку од она што би го добиле во Германија, рече директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

Тој потсети дека Делегацијата веќе четврта година по ред го спроведува проектот за дуално стручно образование по германски модел.

-Дуалното стручно образование веќе 150 години е дел од малите, средни и големи компании во Германија. Тоа е тајната на успехот на германската економија. Компаниите успеваат да обезбедат стручен кадар според своите потреби, а истовремено се минимализира и невработеноста кај младите лица. Веќе повеќе од 20 години Делегацијата активно работи во земјата. Со зголемувањето на германските инвестиции на македонскиот пазар кои воедно обезбедуваат работни места за 25 000 лица и се најголемите работодавачи, уште пред 5 години ни беше јасно дека ќе се соочиме со проблемот за обезбедување на стручно едуциран кадар. Така започна нашиот проект за дуално стручно образование по германски модел, истакна Мартенс.

Дуалното стручно образование по германски модел Делегацијата го спроведува во шест градови во земјата, а партнери се шест средни стручни училишта, десет компании инвеститори (седум германски, три други странски), како и две македонски компании.

По завршувањето на четиригодишното образование, покрај државната диплома, учениците ќе стекнат посебен сертификат за квалитет кој ќе им овозможи сигурно работно место во компаниите каде што ја спроведуваат обуката, наведуваат од Делегацијата.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата