Нова фасада на железничката станица „Битола“

Од:

Железничката станица „Битола“ во Битола има нова фасада, внатрешно е уредена, а наскоро ќе биде извршено и свечено пуштање во употреба на реконструираниот објект.

Со реконструктивниот зафат на новиот лик на фасадата задржана е спомен плочата од 1960 година која потсетува на големиот генерален штрајк на железничарите од 1920 година, заменет е кровот, подовите, внатрешните ѕидови, а поставена е и нова термичка изолација.

Железничката станица во Битола е градена кон крајот на 19. век како дел од линијата Битола-Солун, за да ги поврзе двата најголеми градови во европскиот дел на османлиската империја. Во 1911 година со воз од Солун преку Воден, на железничката станица во Битола пристигнал султанот Мехмед V. Подоцна е изградена и линијата кон Прилеп и Велес, забележале битолските хроничари.

Железничката линијата кон Солун е затворена за сообраќај во 1984 година.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција