Нова фасада на ОУ „Димитар Миладинов“ – проект финансиран од Амбасада на Република Бугарија

Од:

Проект за реконструкција на општинското основно училиште „Димитар Миладинов“ и за нова енергетски ефикасна фасада, промовираа денеска градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и пратеникот Хари Локвенец.

За проектот 135.000 евра обезбеди Амбасадата на Бугарија во Македонија.

– Цел на Република Македонија и на сите граѓани е да бидеме дел од големото европско семејство. Тоа значи дека силно работиме и ќе работиме на исполнување на демократските вредности и ќе создадеме услови за живот кои доликуваат на вистинска членка на заедничкиот европски дом. Почетокот на сѐ е квалитетното образование. Затоа една од моите основни цели како градоначалник и на сите советници, како и на општинската администрација е да го подобриме образовниот процес, за нашите млади да создадеме најдобри услови за учење и престој, истакна Богдановиќ.

Тој рече дека верува оти училиштето ќе биде пример и мотив за другите да работат посветено и да ги користат европските фондови за осовременување и унапредување на образованието.

– Денеска нашите пријатели од Европската унија одвојуваат околу 260.000 евра дневно како финансиска поддршка за проекти во образованието, инфраструктурата, младинските политики, културата, земјоделството. Таа сума, дополнително ќе се зголемува со приближувањето до полноправно членство во ЕУ, посочи Локвенец.

Влезот во ЕУ, истакна, значи и отворен влез на пазар од половина милијарда потрошувачи, значи поголема достапност на македонските продукти, зголемен извоз и поголема конкурентност на македонската економија.

– Со влезот во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ, се зајакнува довербата во нашата економија, а Македонија станува атрактивна дестинација за посериозни и поголеми странски инвестиции. Ова се само дел од придобивките што следуваат, ова се придобивки за секој граѓанин на Македонија, додаде Локвенец.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски