Нова енергетски ефикасна фасада, современо детско игралиште и чуварница во „Пролет“

Од:

Општина Центар спроведува три значајни проекти во првата повоена населба во Скопје, населба „Пролет“.

На местото на старото, руинирано детско игралиште поставено е ново и современо, на 115 м2 површина. Реквизитите се изработени од дрвени елементи и има куќарка, платформа, 2 клацкалки, 2 лулашки и полиетиленска лизгалка.

За поголема безбедност на децата, како и во сите други 15 детски игралишта кои ги изгради Општина Центар, според европските стандарди, ставена е подлога од гумени плочи со дебелина од 5 см.

До игралиштето оставена е куќарка со стражар кој се грижи за сигурноста на граѓаните, но и за зеленилото и урбаната опрема.

Непосредно до игралиштето е зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр. 4, со површина од 1500 м2. Ова е втора зграда во населбста на која се поставува енергетски ефикасна фасада

Жителите на средбите со градоначалникот Андреј Жерновски се жалеа дека зградите се изградени по втората светска војна и се руинирана.

Зградата ќе го задржи автентинтичниот изглед, а со станарите е одбран новиот колорит.

И оваа фасада ќе ја заштити зградата од надворешни влијанија, а станарите ќе плаќаат до 30% пониски сметки за електрична енергија.

Досега во Општина Центар 15 згради добија енергетски ефикасни фасади и сето тоа е направено без ниту еден денар помош од централната власт.

Во населба „Пролет“, Општината уреди внатрешен парк, со трева и зеленило, на површина од 6.700 м2. Засадени се грмушки, 14 јавори, а поставена е нова урбана опрема.

Интенцијата е да се продолжи со поставување на нови фасади и во другите згради, а до крајот на годината ќе се реши и проблемот со водоводот и канализацијата во ООУ „11-ти Октомври“, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории