Нова еко населба кај Бардовци и Злокуќани

Од:

Општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа која ќе го примени концептот за еко населба која ќе користи обновливи извори на енергија.

Тоa, денес беше главната тема на разговор помеѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од Проектот за користење на обновливи извори на енергија насловен како „Модуларни системи за греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија ( CoolHeating) во рамките на Пограмата за истражување и развој на ЕУ Хоризонт 2020.

Целта на имплементација на овој иновативен проект е да го поддржи спроведувањето на системи за греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија, на среден и подолг рок, како трајна супституција на традиционалниот начин на затоплување, кој е и еден од изворите на контаминација на воздухот.

Во период кога загадувањето е еден од најгорливите проблеми на Општината, постои вистинска посветеност и елан, и од страна на локалната самоуправа, но и од другите засегнати страни да дојдеме до нови, современи решенија за греење и ладење.

Во овој проект македонскиот тим го сочинуваат Наташа Марковска, Љупчо Димов, Владимир Ѓоргиевски, Васил Божикалиев.
Владимир Ѓоргиевски ја презентираше можноста Општина Карпош да добие нова еко населба во близина на Бардовци и Злокуќани, која ќе ги применува токму овие системи за греење и ладење.

Презентацијата на оваа идеја е врз основа на претходна анализа, истражување и проект, наменски изработени за овој дел од Карпош, во партнерство со земји како Австрија, Германија и Данска.

Градоначалникот Богоев посочи дека ова е одлична шанса за Карпош, но и за Градот Скопје, да бидеме меѓу единствените во регионот кои имаат целосна енергетски – ефикасна населба. Придобивките од овие системи за греење и ладење се големи. Истите овозможуваат пониски трошоци за граѓаните, а се корисни и за целата животна средина.

Меѓудругото, ова е можност и за урбанизација на помалку развиените делови во Општината, за нивно облагородување и развој во еко зони за живеење.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира