• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Нова џамија пуштена во употреба во селото Горенци во Центар Жупа

by А1он19/08/2018 - 16:0019/08/2018 - 17:08874
Share0

Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, во селото Горенци во општина Центар Жупа, во употреба е пуштена нова џамија, изградена со донации на жителите од селото и од други донатори.

Добивај вести на вибер

На свечениот чин присуствуваше градоначалникот на Центар Жупа Аријан Ибраим, претставници на институции и имами од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа оваа и општина Дебар, како и подрачјето на Река.

Присутните верници ги поздрави дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан Хаса, кој искажа задоволство што утринскиот бајрамски намаз верниците од Горенци ќе го клањаат во новата џамија.

– Се наоѓаме пред одбележувањето на големиот празник Курбан Бајрам. Ви поскаувам со вашите семејства, пријатели, роднини, соседи да ги минете во среќа и благосотојба, да бидете вистински верници кои се предводат и ја почитуваат светата книга Куранот, порача Хаса.

Аџи Аџиоски, жител на селото и иницијатор за изградба на џамијата, им се заблагодари на сите што помогнале во изградбата.

– На сите кои помогнаа нашите жители да имаат нов објект каде ќе ги извршуваат верските обреди, најискрено им се заблагодарувам и посакувам со убаво да им се врати. Пресреќен сум што утринската бајрамска молитва ќе ја одржиме во новата џамија, која ќе биде преполна зашто тука се и нашите соселани печалбари,изјави Аџиоски.

Новата џамија може да прими над 200 верници а за изградбата се потрошени над 150 илјади евра. Селото Горенци има 250 жители.

Инаку, во дебарското муфтиство веќе се преземени сите потребни активности за престојниот празник Курбан Бајрам или Аџи Бајрам, чие одбележување почнува во вторник, 21 август, а утринска молитва ќе се клања во сите четириесетина џамии.

Годинава 26 верници од дебарското муфтиство се во светите места Мека и Медина во Саудиска Арабија, на аџилак – петтиот столб на исламот.

centar zupa

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:25

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 11:2823/09/2025 - 17:25

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Катерина Ѓуровски02/03/2024 - 09:57

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он12/01/2024 - 14:3012/01/2024 - 14:55

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во првото пријавување во прва година запишани само 10 ученици

Горан Наумовски25/06/2023 - 14:35

Поради масовната миграција: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти

Горан Наумовски16/05/2023 - 18:3617/05/2023 - 22:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен