Нова донација од Турција за поплавените од Скопје

Од:

Претседателството за раководство со кризи и итни случаи (АФАД) при Владата на Република Турција испрати донација од 500 машини за перење и 500 кујнски сета за настраданите од поплавите, што на 6 и 7 август годинава го зафатија Скопје и околината.

Како што информира Амбасадата на Република Турција, повеќе турски институции веќе испратија и продолжува испраќањето на хуманитарна помош.

На врачувањето на донацијата, во просториите на СИНТЕК во Скопје, ќе присуствуваат помошникот претседател на АФАД Хамза Ташделен, претставик од општина Чаир и главниот советник за трговија при Амбасадата.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава