Нова дограма во основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Битола

Од:

Битолското основно училиште „Св. Климент Охридски“ учебната година ќе ја почне со нова дограма, а средствата за обнова во износ од над 52 илјади евра ги обезбеди амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

Од општина Битола информираат дека со донацијата извршена е целосна реконструкција на дограмата која освен прозорците ја опфаќа и влезната врата во училиштето.

– Со поставувањето нова дограма се очекуваат подобра енергетска ефикасност во училиштето и заштеди на топлинската енергија во зимскиот период. Реконструкцијата почна кон крајот на јуни, информираат од секторот за односи со јавност на општина Битола

Изведувач на проектот е „Столб ДООЕЛ“ Битола, а реконструкцијата се одвиваше под надзор на „Скипи ДООЕЛ“ Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките