Нова автопатна делница во близина на граничниот премин „Богородица“

Од:

Општина Гевгелија ќе гради нова клучка на автопатната делница кај Милци, во близина на граничниот премин „Богородица“, информираа денеска надлежните општински служби.

Со овој зафат треба да се обезбеди директно сообраќајно поврзување на двете страни од автопатната делница со изградените објекти.

– Покрај растоварувањето на сообраќајот, кој особено во овој период е многу интензивен, клучката треба да го олесни пристапот до казината „Принцес“ и „Фламинго“ но и  до пограничните населени места. Изградбата на приклучните улици ќе ја финансираме со околу 60 милиони денари од општинскиот буџет затоа што сообраќајната инфраструктура за јужниот тек на автопатот е особено значајна оти на овој дел претстои изградбата на новиот хотелски комплекс и на големиот трговски центар кај Милци, информираа од општината.

Над автопатната делница кај Милци веќе е изграден натпатник со 24 милиони денари кои беа обезбедени од Агенцијата за државни патишта на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он