Нова акциска контрола на МВР во Скопје, алкохол во крвта пронајден кај 55 возачи

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 244 возачи, алкотестирани биле вкупно 133 возачи, a кај 55 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 55 мерки. Исклучени се 56 возачи од сообраќај, времено се одземени 55 возачки дозволи, издадени се 55 мандатни платни налози, еден прекршочен платен налог и откриени се 75 останати прекршоци.

Во текот на вчерашниот ден се до 24:00 часот во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила: 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 80 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 70 платни налози, два прекршочни платни налози, писмено опоменати се осум возачи, откриени се 32 останати прекршоци, издадени 17 платни налози и 15 мандатни платни налози.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност