Нов земјотрес со јачина од 4.8 во Македонија, потресите се осетија во повеќе градови

Од:

Нов земјотрес со магнитуда од 4.8 степени повторно ја стресе Македонија во 15:25 часот попладнево. Земјотресот е со епицентар во Леуново-Маврово, 17 километри југо-западно од Гостивар, според интернет сервисот „Earthquake“. Ова е втор земјотрес по јачина, по утринскиот кој беше со магнитуда од 5.0. Попладневниот земјотрес се осети во повеќе градови ширум државата, меѓу кои и Скопје.

Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во земјава е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан, а нови потреси, но со помал интензитет се сосема очекувани, вели за „А1он“ професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.

Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар по првиот најсилен земјотрес, во Македонија бележи уште четири земјотреси со јачина од 2,8 до 3,8 степени според Рихтер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски