А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нов владин проект – Регионални советувалишта за семејство и брак

by А1он11/08/2013 - 12:48417
Share0

Отворање 11 регионални советувалишта за семејство и брак кои ќе пружаат бесплатна стручна и професионална помош за семејства со проблеми во функционирањето, семејства во услови на социјален ризик, но и за сите аспекти од семејниот живот, предвидува новата владина одлука.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, целта на проектот е подбврување на функционирањето на семејството и промоција на семејните вредности.

Реформата следи по компаративната анализа од искуствата во оваа област од развиените земји како САД, Канада, западноевропските држави, а во услови на мало зголемување на процентот на разводи со очекување дека ќе се обезбеди поголем опстанок на брачните заедници.

– Со оваа реформа се предвиодува формирање 11 регионални советувалишта за семејство и брак и тоа во Скопје, Велес, Куманово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Свети Николе и секој од овие центри би ги опфаќал и жителите на помалите населени места кои гравитираат кон нив, рече Ѓорѓиев.

Барањето услуги во овие регионални центри, во кои ќе работат најстручните лица од центрите за социјални работи, би биле по желба на лицата, а не облигаторно.

Следете a1on на Youtube YouTube

Носител на целокупната активност е Министерството за труд и социјална политика кое преку Заводот за социјални дејности во следниот период ќе ја изработи посебната програма за работа на овие регионални советувалишта, а нивното отворање ќе се одвива етапно почнувајќи од месец септември.

За контонуирано подобрување на степенот на професионална услуга и стручност за лицата кои работат во овие советувалишта ќе се спроведат серија обуки по најсовремени стандарди. Ќе се допрецизира и подобри и регулативата која ќе обезбеди полна дискреција на лицата кои барат професионална услуга.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео