Нов тип алерголошки тестови на Клиниката за детски болести

Од:

Нов тип на алерголошки тестови и анализи преку крв на деца и со многу високо ниво на точност се достапни во лабораторијата на Клиниката за детски болести и веќе се изведуваат, изјави министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Клиниката за детски болести.

– Ова е прва ваква можност за испитување во јавното здравство и веќе функционира. Може да се прават до 400 тестови на час и до 400 типови на алергени. Без оние стандардни претходни тестови кои што се правеа на кожата и кои може да се прават и на деца во најмала возраст, дури и во неонаталниот период, рече Тодоров.

Тодоров нагласи дека апаратот е набавен преку тестови, согласно воведениот принцип за набавка на апарати и веќе е ставен во функција и на располагање и на докторите и на сите пациенти.

– Алергијата е болест на новото време. Според некои европски статистики дури 150 милиони луѓе во Европа патат од алергии, а едно од 20 деца имаат една или повеќе алергии на некој тип на храна. Тоа значи дека потребата од ваков апарат е голема и очекувам овој апарат да најде соодветно место во примената во целиот здравствен систем, истакна Тодоров.

Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова рече дека особено е важно тоа што сега ќе може кај новороденчињата да се дијагностицира предиспозиција за одредена алергиска реакција, пред да се појават клиничките знаци за неа.

– Предноста во медицината е колку порано да се открие предиспозиција кон одредена болест за да може да се спречи. Ќе можеме да ги спречуваме навреме и да знаеме за кој тип алергиска реакција е предиспонирано детето уште од најрана возраст, истакна Софијанова.

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски