Нов стечај за фабриката „Металец“ од Прилеп?

Од:

Дел од доверителите на прилепската фабрика за челични конструкции „Металец“ бараат отворање нов стечај, откако минатата година фабриката не успеа да го реализира планот за реорганизација на производството и оствари загуба од 160 илјади евра.

На 29 овој месец е закажано рочиште во прилепскиот суд на кое треба да се утврди дали се исполнети условите за отворање нова стечајна постапка за фабриката.

Според податоците објавени од Централниот регистар, минатата година „Металец“ остварил приход од 220 илјади евра, што е за 68% помалку од 2011 година. Моментално има 22 вработени, а капиталот на фабриката е во минус 863 илјади евра.

Директорот Трајко Милков оптимистички најавува дека нема да дојде до стечај на фирмата, бидејќи веќе се подмирени долговите кон доверителите.Тој истакнува дека се планираат поголеми проекти во идниот период, со кои се очекува да се подобри состојбата на фабриката и да се реализира планот за реорганизација.

Најголеми доверители на фабриката „Металец“ се Управата за јавни приходи, Стопанска банка-Битола, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вработените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница