Нов сквер на улица „Пиринска”

Од:

„Наскоро, oпштина Центар ги завршува градежните работи на новиот сквер на улица „Пиринска“.

Скверот, е со површина од 290 м2 и е поплочен со комбинација од природен гранит и травертин. Доминараат мултифункционалните урбани елементи, клупа и вградени држачи за велосипеди. Амбиентот го дополнуваат две високи дрвја- ликвидамбери, кои во лето ќе бидат природен чадор за сонце.

На скверот ќе има пет жардинери со густо зеленило, а ќе биде осветлена со канделабра и 17 амбиентални светилки“, соопштуваат од Општина Центар.

Слика 1

„Скверот, е во непосредна близина на зградата чија фасада лани беше реконструирана од страна на општината, гледа на булевар „Климент Охридски“ и Соборниот храм.

Ова е ново место за одмор во општина Центар, како за жителите на околните згради, така и за минувачите. Веќе се насетува автентичниот урбан белег, по кој ќе биде препознатлив“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец