Нов систем за наплата во градскиот превоз во Скопје

Од:

По едно евро за секој изминат километар ќе добиваaт превозниците од јавниот градски превоз од 1. јануари следната година. Од тогаш ќе почне да се применуваат и новите системи за наплата со електронски билети и автоматско следење на возилата, како и единствена цена кај сите превозници.

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе ги разгледа Предлог-одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје и Предлог-одлуката за утврдување на привремена вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – изминат километар.

Парите од наплатата на превозот со умните билети ќе ги собира Град Скопје, а потоа сите превозници ќе добиваат надомест од едно евро за изминат километар. За секое возило ќе се знае точно колку минало благодарение на системот за автоматска локација. Ќе биде утврден единствен систем на линии во градскиот и во приградскиот превоз и единствен возен ред. Главен носител на јавниот превоз е ЈСП „Скопје“, а може да учествуваат и други превозници кои исполнуваат точно утврдени услови и кои ќе склучат договор со Град Скопје за одржување на одредена линија. Ќе има нов оглас за распределба на линии.

Се предлага цената на билетот и видовите на билети да бидат единствени кај сите превозници. Во функција ќе биде зонски тарифен систем. Ќе има можност за преседнување од еден автобус во друг, зонски, дневен, неделен и викенд-билет. Ќе има обична електронска картичка што граѓаните ќе може да ја користат и во приватните и во автобусите на ЈСП „Скопје“ и ќе може да ја надополнуваат и персонализиран билет, со фотографија и име и презиме на корисникот.

Компанијата „Т-мобиле“ беше избрана од ЈСП „Скопје“ на оглас за воспоставување на новите два система, кои чинат три милиони евра.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен