Нов систем за наплата и следење на автобусите во јавниот превоз во Скопје

Од:

Автоматско следење на движењето  на автобусите во градскиот превоз во Скопје и интегрирана  електронска наплата на билетите најавуваат за девет месеци Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријетие (ЈСП). За воспоставување на системот е склучен договор со Т-Мобиле Македонија, а инвестицијата изнесува три милиони евра.

Раководството на ЈСП и градските власти очекуваат  со примената на системот да се подобри квалитетот на превозот и да се зголеми бројот на патници.  Најавуваат дека ќе се решат клучните проблеми  во јавниот превоз со наплатата, контролата на движењето на автобусите и запазувањето на возниот ред, а предност за патниците ќе биде воведувањето еден билет кој ќе важи и во автобусите на ЈСП и кај приватните превозници. Ќе се овозможи  наплата на билет со картички и со мобилен телефон.

Според Мишо Николов, директор на ЈСП Скопје, системот за наплата на претпријатието моментно е пред колапс, а речиси секој ден добиваат извештаи за  најмалку 20 расипани наплатни пункта.

– Се прашуваме дали ќе можеме да опстоиме со овој  систем. Дел од  проектот за набавка на систем за автоматска локација и електронска наплата на билети всушност го решава овој горлив прблме на ЈСП.  Модереден систем кој ќе овозможи првин во секое време да се знае бројот на патниците во автобусите, а понатаму  да направи систем кој гарантирано ќе го зголеми прометот  во нашите автобуси за 10 проценти, рече Николов.

Со сегашниот систем, укажа, менаџментот нема никави информации дали автобусите се на терен, дали се точно навреме на автобуските станици и дали се редовни. Извештаите им  се базираат на претпоставки или на контролори кои во одреден дел од градот  запишуваат рачно дали автобусот поминал на линијата.

– Подготвуваме систем за автоматска локација на автобусите, каде што вработените на големи екрани во ЈСП ќе ги следат сите автобуси, дали  се на линија, дали се  точни и дали ја пружаат заслужената услуга на граѓаните, наведе Николов.

Новиот систем, појасни, ќе помогне да се подобри јавниот превоз и со тоа што ЈСП Скопје ќе се интегрира со приватните превозници на територијата на главниот  град „Слобода превоз“ и  „Мак експрес“.

– Ќе ни се овозможи конечно да го воведеме системот за наплата со еден билет кој би важел и во јавното претпрјатие и во автобусите  на Слобода превоз и Мак експрес, рече Николов.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна дека со проектот Скопје ќе влезе во групата на паметни градови.

– Очекуваме многу  придобивки со системот, пред се ќе се воведе голем ред во навременото доаѓање на автобусите на автобускиет станици, со  оглед на тоа што ќе има автоматска локација на автобусите. На секоја  автобуска станица ќе има сигнална светилка која ќе покажува дали автобусот е стасан навреме или не. Тоа ќе важи и за приватните и за автобусите од ЈСП. Околу 500 автобуси ќе бидат опремени со системот за следење на наплатата, 300 на ЈСП;  а останатите на приватните превозници, информира Трајановски.

Планираме, додаде, понатаму Град Скопје да  ги продава  автобуските карти, а на ЈСП и на приватните превозници да им плаќаме по поминат километар.

– Да не биде важно во кој автобус колку патници има и да се борат за патници и да се натпреваруваат или да не возат, односно во шпицовите да ги собираат парите, а кога не е да не возат. На овој начин сметаме дека ќе имаме систем кој целосно ќе го контролираме и многу поквалитетна услуга за граѓаните во јавниот автобуски превоз. Сигурно ќе се намали и времето на чекање на автобуските станици. Во голем дел од станиците ќе има дисплеј кој ќе го покажува времето на пристигнување на автобусите, ќе има  голем број места каде ќе се продаваат билетите, машини за продажба, рече Трајановски, истакнувајќи дека по имплементацијата на системот   Скопје ќе добие современ систем и оти ќе се зголеми бројот на патниците во јавниот автобуски превоз.

Директорот на Т-Мобиле Македонија Жарко Луковски најави оти ќе се залага за имплементација на системот и пред утврдениот рок со договорот.

– Она што следи заедно со овој систем за електронска наплата е градски систем кој ќе овозможи плаќање паркинг, карти за Зоолошка градина, за Жичара, собирање поени за лојалност. Има неограничена лепеза на сервиси  кои ќе бидат приклучени на овој систем, наведе Луковски.

Тој најави дека се планира со системот да може да се врши плаќање билети со мобилен телефон. Картичката  што ќе се користи ќе може да се употреби и да се надополни во секое време на повеќе од 6.000 места.

Би можело да ве интересира

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он