Нов рекорд новозаболени од Ковид-19, клучна е следната недела

Од:

Нов рекорд на новозаболени од Ковид-19 регистрираше вчера Министерството за здравство. За 24 часа се потврдени нови 1422 случаи од направени 4.277 тестирања. Битката со вирусот ја изгубија 33 пациенти, од кои најмладиот на 38-годишна возраст.

Она што е поразлично во овој пик од претходните е тоа што сега во земјава е присутен британскиот сој, кој се шири многу побрзо и за пократко време развива тешка клиничка слика. Круцијална, според здравствените властие, е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, починати и болнички кревети.

Засега, во земјава останува полицискиот час од 22 до 05 часот како рестриктивни мерка.

Проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на нови дополнителни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало за што потврда се соседните држави кои воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.

Во моментот, вирусот е најдоминатен кај оние од 30 до 39 години, каде и има најголема хоспитализација, заедно со категоријата на граѓани над 60 години. Намалена е хоспитализацијата кај граѓаните од 40 до 50 години.

Статистиката за бројот на хоспитализирани што вчера ја објави Министерството за здравство покажува дека во ковид-центрите и инфективните одделенија низ државата се лекуваат 1537 лица и има околу 250 слободни кревети. Само во Скопје за едно деноноќие се хоспитализирани 70 нови пациенти, а на инфективните одделенија се лекуваат вкупно 621 лице.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски