Нов проект за локалната самоуправа финансиран од Европската Унија во вредност од 2,2 милиони евра

Од:

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот, Самуел Жбогар. На состанокот присуствуваше и заменикот министер Дејан Павлески.

На средбата, министерот Фазлиу ја истакна заложбата на Владата за суштински реформи и отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија. Министерот за локална самоуправа, Фазлиу, рече дека Министерството ќе се посвети на процесот на децентрализација на власта со цел да се овозможи оддржливо функционирање на општините, поефикасна испорака на поквалитетни услови и избалансиран развој. Фазлиу ја истакна улогата на локалната самоуправа во подобрувањето на квалитетот на живеење преку обезбедување на подеднакви услови за живот за сите граѓани.

-Нашата заложба за едно општество за сите ќе ја реализираме преку создавање на услови за подеднаков пристап до јавните услуги за сите граѓани и развој на локалната демократија, согласно европските пракси, рече министерот Фазлиу.

Заменикот министер Павлески ја истакна определбата на Владата за партнерство со Европската Унија и членство на Република Македонија во Унијата. Во таа насока, рече тој, Министерството за локална самоуправа ќе работи посветено на процесот на децентрализација и особено на зајакнување на финансиската стабилност на општините, како и на рамномерниот регионален развој, преку реализација на реални проекти. Павлески ја истакна важноста од поголема транспарентност и отчетност на општините, како и на учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво.

Амбасадорот Жбогар истакна дека очекувањата на Европската Унија се големи во однос на остварувањето на реформите, вклучително и во сферата на локалната самоуправа. Жбогар ја истакна поддршката од страна на Европската Унија и преку новиот проект во вредност од 2,2 милиони евра кој што ќе значи директна помош во зајакнувањето на капацитетите на Министерството и на општините. Тој ја истакна потребата од поголема поддршка на помалите општини кои што се соочуваат со проблеми во остварувањето на своите надлежности, како и во реализацијата на проектите финансирани од Европската Унија.

Во тој контекст, на состанокот се разговараше и за создавање на услови за поефикасно искористување на средствата од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка, во координација на Министерството за локална самоуправа, а во соработка со другите надлежни институции и со Делегацијата на Европската Унија.

Министерот Фазлиу ја прифати поканата на амбасадорот Жбогар за учество на состанокот што во средината на октомври ќе се одржи во Охрид, на кој, со учество на сите релевантни структури, ќе се разговара за предизвиците во имплементацијата на ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он