Нов проект на ФЗОМ: „Е-потврди за редовни студенти“

Од:

Редовно запишаните студенти (од 18 до 26 години) за кои факултетите со електронско поврзување со Фондот за здравствено осигурување на Македонија доставиле податоци, ќе имаат континуирано здравствено осигурување и не треба на почетокот на секоја универзитетска година да приложуваат до подрачните служби на ФЗОМ потврда за редовно школување, земена од студентските прашања на високо образовните институции. Ова сe предвидува во новиот проект на Фондот „Електронски потврди за редовни студенти“, зацртан во владината програма, кој почна да се реализира.

Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова денеска на прес-конференција истакна дека потпишале договор со 43 високо образовни институции во Македонија, спровеле обука и од минатата недела проектот почнале да го реализираат.

– Обврската на факутлетите е со електронско поврзување со Фондот да ни ги достават нивните редовно запишани студенти. Врз основа на овој електронски податок, Фондот овозможува за редовните студенти континуирано здравствено осигурување додека тие се на школување во тој временски период, што претставува големо административно олеснување и за студентските прашања на факултетите, за фирмите кои имаа обврска да ни ги достават овие потврди доколку студентите не го направат тоа, рече Парнарџиева Змејкова.

Минатата недела, појасни таа, се доставени податоците за редовните студенти на 11 факултети и се очекува во текот на оваа недела тоа да го направат и останатите факултети.

– До петок очекуваме и останатите факултети да ни го достават електронскиот запис. Неколку факултети ни најавија технички проблеми односно потреба да ги прилагодат своите системи со Фондот и тие тоа ќе го направат до следниот семестар, рече Парнарџиева Змејкова.

Додаде дека придобивки за студентите од проектот е што нема да има административни формалности и трошоци, ќе има континуитет во здравственото осигурување, што е основен предуслов за остварување на некои права од здравственото осигурување, како и заштеда на време потребно за обезбедување на потврдата. За факулутетите/фирмите придобивките се заштеда на време и ресурси – потврдата за редовно школување веќе нема да се доставува во хартиена форма до подрачната служба на Фондот туку ќе се евидентира автоматски и во електронска форма и навремена евиденција на сите активни носители/членови во здравствено осигурување преку веб порталот на ФЗОМ.

Очекувани придобивки за Фондот се намалување на метежот пред шалтерите, извештаи и анализи во реално време за спроведените потврди за редовно школување и зајакнување на контролите и оптимизирање на деловните процеси.

Би можело да ве интересира

Студентите со апел до Владата и до МОН да го продолжат бесплатниот превоз за студентите

Горан Наумовски

Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Горан Наумовски

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Катерина Ѓуровски

Студентите бараат информација дали и во 2025 година ќе има за нив бесплатен јавен превоз

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он