Нов притисок врз општина Центар за изградба на катната гаража кај Автомакедонија

Од:

Вчера, по 15-ти пат, се вршеше вонреден инспекциски надзор во општината, на барање на Друштвото за Сервисирање, Трговија и Услуги „Никофон“, кој што е воедно и инвеститор на изградбата на катната гаража.

„Никофон“, со пријавување во управниот инспекторат врши притисок врз општината за да започне со изградбата на гаражата бидејќи, инвеститорот за секое барање до општината испраќа и барање до управна инспекција.

Деталниот урбанистички план е донесен во 4 часот наутро од претходниот состав на Советот на општина Центар и со него парцелата на која беше предвидено паркирање на едно ниво, се измени и беше дозволено изградба на катна гаража, која порасна од 3 на 29 метри.

Во текот на постапката, Дирекцијата за заштита и спасување во 2 наврати издаде негативно мислење по однос на проектот, бидејќи не беа исполнети стандардите за заштита при пожар и евакуација на населението и немаа влез и излез од гаражата по што експресно беше сменет правилникот според кој “Никофон“ не ги исполнуваше условите, информираат од општина Центар.

Жителите на ова место реагираат, тие велат дека не сакаат катна гаража со оглед на фактот дека на 20 метри веќе има изградено друга катна гаража.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории