Нов начин на креирање на Буџетот на Општина Карпош

Од:

Општина Карпош овозможи нов начин за вклучување на граѓаните и граѓанските организации во креирање на Буџетот за 2019 година.

„Ги повикуваме сите карпошани,  да го пополнат формуларот во електронска форма и да го посочат предлогот или решението за своето маало или населба (https://goo.gl/qHNsHD).

Целта на локалната самоуправа е да создаде реален и одржлив Буџет, при што ќе се стави акцент на рамномерен развој на сите урбани заедници“, соопштуваат од Општина Карпош.

Во претстојниот период, градоначалникот Стефан Богоев заедно со општинското раководство ќе имаат и повеќе теренски средби со граѓани, во пресрет на донесувањето на новиот Буџет.

Процесот на партиципативно буџетирање може да се следи на www.karpos.gov.mk

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот