Нов метод на ургентна медицина промовирана во Битола

Од:

Методот инјекција во коска за првпат во светот е промовирана во 2000 година и е користен во Соединетите Американски Држави во службите за ургентна медицина и брзa помош. Наградуван е многупати за најдобро медицинско откритие од повеќе медицински институти низ светот.

Овој метод за првпат беше промовиран и во Битола од стрaна на д-р Васо Радивоевиќ,
кој го промовираше пред своите колеги од клиничката болница:

„Се применува кај сите хитни случаи и загрозувачки ситуации, каде што постои непосредна витална загрозеност, пред сè она најитното,клиничка смрт, кога се колабирани вените и кога по венски пат не може да се пронајде,кај бебиња, кај пациенти со изгореници,кај шокирани пациенти. Методот е брз и едноставен, поевтин од кој бил друг и безболен“.

Радивоевиќ целата опрема за овој метод ја набавил преку спонзори, а своето искуство поради немањето доволно средства само теоретски го пренел до своите колеги од ургентната медицина.
Дали овој метод ќе најде секојдневна примена во Клиничката болница во Битола зависи од менаџерскиот тим,до кого доктор Радивоевиќ доставил барање да се обезбеди опрема за изведување.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките