Нов контингент на АРМ заминува во мисијата ИСАФ во Авганистан

Од:

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето нов контингент на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.

На свеченоста обраќање ќе има министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими кој ќе разговара со припадниците на контингентот за нивната подготвеност да одговорат на задачите кои им престојат во текот на мисијата.

Во 14-тата ротација на мировната мисија ИСАФ во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Авганистан ќе заминат 157 припадници на АРМ од кои 150 се припадници на механизираната пешадиска чета, двајца штабни офицери во командата на ИСАФ и пет припадници на АРМ во составот на наменските сили за партнерство и советување. „Скорпиите“ од 1. механизирана пешадиска бригада  во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. За досегашното беспрекорно и професионално извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, добиваат највисоки оценки, заради што уживаат висок рејтинг.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата