Нов дрворед со 300 дрвја во општина Сарај

Од:

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжи со засадување нов дрворед по должината на улицата Сарај, во општината Сараj.

– На потегот од мостот на реката Вардар до раскрсницата кај Езеро Треска се подигаат нови дрвореди, во кои ќе бидат засадени над 300 висококвалитетни садници од видовите јасен и јавор. Веќе засадивме 100 садници, а во наредните денови ќе бидат засадени уште 200 садници. Оваа есен фокусот го ставаме на обновување на сите постојни дрвореди на територијата на градот и на подигање нови. Во изминатиов период подигнавме нов дрворед на Бит-пазар, а реконструиравме голем број постојни дрвореди кои беа уништени поради нерационалноста на претходната градска власт. Исто така, речиси 500 пенушки на градските сообраќајници оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници. Новите садници во дрворедите ќе бидат засадени внимателно, грижливо, со автентични видови какви што претходно имало на истото место – рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Оваа есен екипите на Град Скопје ќе засадат 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации, и во сите скопски општини.

– Земавме обврска пред граѓаните да го вратиме загубеното зеленило и да се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило. За разлика од претходната власт која го уништуваше зеленилото каде што ќе стигнеше. Градот Скопје до крајот на годинава ќе подигне и реконструира околу 130.000 квадратни метри зелени површини, што претставува рекордна површина уредена во една календарска година. Влогот во здравата животна средина е трајна придобивка која директно влијае на здравјето на граѓаните, затоа константно работиме на граѓаните да им обезбедуваме што повеќе чисти и зелени површини – нагласи Салиху.

Оваа есенска акција за обновување на зеленилото Градот Скопје ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа учествуваат со свои работници, механизација и садници.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он