Нов црн рекорд и во Скопје – 422 новоинфицирани, Аеродром со над 700 активни случаи

Од:

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во изминатиот ден 142 скопјани закрепнале, покажуваат последните официјални податоци.

Бројот на активни случаи во главниот град се доближува до 4.000 и денеска е на нов рекорд од 3.828 заразени во моментов. За првпат од почетокот на епидемијата, во една скопска општина има повеќе од 700 заразени (710 во Аеродром), а меѓу скопските општини со најмногу активни случаи се и Карпош со 580 и Центар со 535.

Еве како се распределени активните случаи во Скопје и околните општини:

• Чаир – 180
• Гази Баба – 492
• Аеродром – 710
• Карпош – 580
• Центар – 535
• Кисела Вода – 467
• Ѓорче Петров – 324
• Бутел – 186
• Шуто Оризари – 35
• Студеничани – 14
• Сарај – 29
• Арачиново – 8
• Илинден – 66
• Сопиште – 35
• Чучер Сандево – 20
• Петровец –24
• Зелениково -10
• Странец – 22
• Нераспределен- 91

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски