Нов чешки контингент отпатува за Македонија

Од:

Контингент составен од 40 чешки полицајци денеска патува за Република Македонија со цел да помага во контролата на зелената граница со Грција, јави дописникот на МИА од Прага.

Петтиот по ред контингент во Македонија ќе се задржи до крајот на октомври.

– Ја цениме пријателската помош и поддршката која Чешка и ја пружа на Македонија во времето кога мојата земја и цела Европа е под притисокот на миграциската криза, изјави македонскиот амбасадор во Прага, Паскал Стојчески.

Тој додаде дека полицајците при извршувањето на своите работни задачи ќе имаат полна поддршка од македонската полиција и Влада.

Во Република Македонија од почетокот на август делуваше четвртиот контингент кој денеска се враќа во својата земја.

Чешките полицајци работат под команда на македонската полиција и помагаат при граничната контрола.
Овие специјални единици досега, од појавата на миграциската криза помагаа на 11 странски мисии, во Грција, Словачка или Унгарија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он