Нов асфалт, тротоари и 16 нови дрвја на улицата „Адолф Циборовски“

Од:

Нов асфалт, инсталации на операторите под земја, нови дрвја. Вака изгледа, по реконструкцијата, улицата „Адолф Циборовски“ (поранешна Мајка Тереза)

“Жителите се обратија до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, барајќи решавање на нивниот долгогодишен проблем со огромните дупки и руинираната улицата“, соопштуваат од општина Центар.

Улицата, со вкупна квадратура од 1388.55 м2, и должина од 185 метри, сега има нов изглед. Тротоарите, кои беа уништени и беше отежнато движењето, сега се заменети со нови бехатон коцки.

Грдата слика на кабли од кабловските оператори и ЕВН, кои висеа над улицата, е минато и каблите се поставени под земја.

Новите сливници ги прифаќаат атсферските води, со што се надмина проблемот со поплавувањата на гаражите.

За заштита на животната средина и почист воздух, засадени се и 16 нови дрвја.

Поместени се канделабрите од тротоарите, за да се овозможи нормално движење на пешаците, информираат во соопштението од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски