Нов 30-дневен притвор за Командант Коки

Од:

Уште 30 дена притвор му биле одредени во четвртокот на Командант Коки, јави „Плусинфо“.

Командант Коки или Никола Ѓорѓиев, полицијата го приведе вечерта пред настаните во Собранието.

Според информации на порталот, одлуката за продолжување на притворот ја донел Основниот суд Скопје 1.

За приведувањето на Коки се појавија две верзии. Според првата, полициска верзија, тој на 23 декември вечерта бил сопрен поради пребрзо возење, по што се однесувал недолично а потоа и удрил полицаец по глава, по што бил совладан од припадници на мобилната полициска единица „Алфа“.

Другата верзија од очевидци и од негов пријател, вели дека Командант Коки не бил сопрен поради пребрзо возење, туку пречекан од „алфите“ и брутално претепан.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски